Првите билети за мундијалот во Русија на продажба од утре - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
19/09/2017 18:29
Фудбал
19/09/2017 12:25
Фудбал
19/09/2017 11:51
Фудбал
19/09/2017 11:20

Првите билети за мундијалот во Русија на продажба од утре

Првите билети за мундијалот во Русија на продажба од утре

Се загрева атмосферата за Светското фудбалско првенство во Русија, кое е на програмата следната година. Од утре почнува првата фаза од продажбата на билети за мундијалот. Сите оние кои сакаат да купат билети ќе треба да поднесат барање преку официјалниот сајт на ФИФА.

Цената на билетите ќе се движи од 105 долари за мечевите од втората рунда, па се до 1.100 долари за финалето во Москва. Во согласност со претходните правила, жителите на Русија ќе имаат можност да купат билети со почетна цена од 22 долари.

„Подготвивме систем кој ќе овозможи фер шанса за да дојдат до билети на сите навивачи од целиот свет“, изјави Фатма Самура, генералниот секретар на ФИФА.

Сите барања кои ќе бидат поднесени во првата фаза, пред 12.октомври, ќе влезат во ждребот ако нема доволен број на билети, а сите ќе бидат известени за исходот до 16.ноември. Втората фаза ќе почне на 5.декември, а ќе може да се дојде до билети и во последен момент, од 18.април до 15.јули, за кога е закажано финалето на Светското првенство.

Светското првенство ќе започне на 14.јуни на стадионот „Лужњики“, и засега извесно е дека ќе игра селекцијата на домаќинот. Досега седум репрезентации се веќе пласирани на мундијалот, покрај Русија, тоа го сторија и Бразил, Белгија, Иран, Мексико, Јапонија, Саудиска Арабија и Јужна Кореја.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.