ПСЖ броеше до ОСУМ против Дижон

Фудбалерите на Пари Сен Жермен им приредија прекрасна вечер на своите фанови, откако до врв ја наполнија мрежата на Дижон. „Светците“ славеа со убедливи 8-0 и се зацврстија на врвот на табелата во францускиот шампионат.

Ди Марија со два гола ја отвори серијата, а до крајот на првиот дел стрелаа и Кавани и Нејмар. Бразилецот продолжи со голеадата и во второто полувреме, постигна уште три гола, а во листата на стрелците се запиша и Мбапе.

Се вчитува...