ПСЖ, Челси и Јунајтед во трка за новата бразилска сензација

Бразилскиот прволигаш Сантош одново ќе продава млад репрезентативец на европски гигант, откако Челси, Јунајтед и ПСЖ ќе се борат за потписот на Тијаго Маија. Сантош за услугите на Маија бара најмалку 20 милиони евра, но клубот се надева на наддавање меѓу Конте, Мурињо и Емери со цел да заработи што повеќе. По Нејмар и Габриел Барбоса, Маија е следниот надежен фудбалер кој треба да заигра на европска трева и се истакне меѓу најголемите ѕвезди.

20-годишниот играч за врска минатото лето го почуствува фудбалот на светско ниво, откако ги бранеше боите на Бразил на ОИ во Рио, и со репрезентацијата предводена од Нејмар освои злато. Англиските ривали Челси и Манчестер јунајтед се надмудруваат и за неколку други фудбалери, најмногу имаат потреба од играч за врска,  а ПСЖ стравува да не го загуби Верати, па веднаш бара нова алтернатива.

Маија иако има само 20 години, веќе трета сезона е стандарден првотимец во екипата на Сантош, а за репрезентацијата на Бразил досега забележа три настапи.

Се вчитува...