ПСЖ дојде во Лондон да го купува Алексис Санчез

Францускиот гигант Пари Сен Жермен тргна во финална офанзива за реновирање на навалната линија. И тоа со фантастични напаѓачи. Се „крчка“ мегатрансферот на Бразилецот Нејмар од Барселона, а веќе почна конкретна реализација на ангажманот на Алексис Санчез од Арсенал.

Спортскиот директор на ПСЖ, Антеро Енрике, замина во Лондон, на финални преговори за купување на чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез. Тој влегува во последната година од договорот со Арсенал и најави дека е расположен за трансфер, истакнувајќи дека сака да игра во Лигата на шампионите. ПСЖ доаѓа со понуда вредна 40 милиони фунти.

Санчез побара 400.000 евра неделна плата од Арсенал во преговорите за нов договор, а ПСЖ е расположен тоа да го понуди и да го одведе Чилеанецот на „Паркот на принцовите“ во Париз.

На Алексис Санчез се надева и Манчестер сити. Пеп Гвардиола би сакал да го има како засилување меѓу „граѓаните“ за претстојната сезона.

Се вчитува...