ПСЖ дојде во Мадрид и виде…Реал е „кралот“ во ЛШ

Реал Мадрид оствари предност од 3-1 против Пари Сен Жермен во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите што вечерва се одигра на „Сантијаго Бернабеу“. Европскиот првак во самиот финиш стигна до два гола позитива со кои ќе патува на реваншот во Париз на 6.март.

Францускиот тим прв поведе во Мадрид во 33.минута, кога Адриен Рабио ја затресе мрежата на Кејлор Навас со удар од десетина метри. Но, пред самиот крај на првото полувреме, Реал Мадрид израмни од пенал. Тони Крос беше соборен во шеснаесетникот на гостите, а Кристијано Роналдо беше успешен реализатор на најстрогата казна.

Во вториот дел, Роналдо и Бејл имаа убави шанси, но не реализираа, а во завршницата Реал Мадрид сепак постигна два гола. Кристијано Роналдо го постигна водечкиот погодок за „кралевите“ во 83.минута, а Марсело само три минути подоцна зголеми и на 3-1, за убава предност на „кралевите“ пред гостувањето во Париз.

Се вчитува...