ПСЖ донесе црногорски пивот со катарски пасош

ПСЖ веќе ги стартуваше подготовките за новата сезона, а во меѓувреме управата на клубот договори уште едно засилување. Станува збор за пивотот Јово Дамјановиќ, кој денеска потпиша договор со актуелниот европски вицешампион до јуни 2019. Дамјановиќ е 20-годишен црногорски ракометар кој поседува и катарски пасош, па настапува за оваа азиска селекција.

Презадоволни сме од доаѓањето на Јово во нашиот тим, играч со огромен потенција. Очекувам неговите офанзивни квалитети да ни помогнат ПСЖ да освои уште многу титули“ – изјави менаџинг-директорот на ПСЖ, Жан-Клод Блан.

ПСЖ претходно ги доведе и норвешкиот ас Сандер Сагосен, како и Родриго Коралес, кој ќе биде резервна опција на голот за првиот голман Тјери Омејер.

Се вчитува...