ПСЖ е „страшен“ – рекорд за најмногу голови во групната фаза на ЛШ

Пари сен Жермен делува решено годинава да се искачи на тронот на фудбалска Европа. Доказ за тоа се не само петте победи на „светците“ на првите пет средби во елитното европско натпреварување, туку и импресивниот начин на кој избраниците на Емери ги „мелат“ своите противници.

Селтик денеска веќе во втората минута поведе на „Паркот на принцовите“, но со тоа само го налути францускиот гигант, кој до крајот на полувремето постигна четири погодоци, а мечот го заврши со преубедливи 7-1.

Воедно, ПСЖ со ова импресивно издание стана и нов сопственик на рекордот за најмногу постигнати погодоци во групната фаза од ЛШ. Овој рекорд досега беше сопственост на Борусија Дортмунд со 21 гол, а ПСЖ убедливо го урна, па францускиот вицепрвак досега има 24, со уште еден натпревар до крајот на групната фаза.

Триото Кавани – Нејмар – Мбапе делува убиствено засега, останува да се види како ќе функционира во групната фаза.

Се вчитува...