ПСЖ го сака Иско од лето на „Паркот на принцовите“

Францускиот првак Пари Сен Жермен води жестока битка за да ја одбрани круната во домашниот шампионат, но Унаи Емери и раководството паралелно полека размислуваат и за засилувањата што ќе бидат доведени на „Паркот на принцовите“ ова лето. На Емери му е потребен нов квалитетен играч за врска, пред се и поради можноста Верати да си замине од Париз, а прв ’пик’ е играчот на Реал Мадрид, Иско Аларкон. Тој не ја добива посакуваната минутажа во „кралскиот клуб“, па можно е да реши да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

ПСЖ ќе се обиде да го привлече со годишна плата од 9 милиони евра. Тоа е дури 3 милиони евра повеќе од платата што Иско би ја заработувал доколку се одлучи да потпише нов договор со Реал Мадрид. Раководството на европскиот првак веќе му достави понуда за потпис на нов договор, кој би имал важност до 2022 година. Сепак, Иско се уште се двоуми дали да остане, или пак да замине…

Шпанскиот репрезентативец одигра одличен натпревар синоќа против Депортиво ла Коруња на „Риазор“, беше стрелец и на еден погодок во триумфот од 1-5.

Се вчитува...