ПСЖ ќе ја воскреснува кариерата на Стариџ

Францускиот првак Пари Сен Жермен во летниот преоден рок ќе даде понуда за ангажман на Даниел Стариџ, напаѓачот на Ливерпул и англиски репрезентативец. Неговата кариера дефинитивно оди во надолна линија, откако оваа сезона е најчесто на клупата за резерви во тимот на Јирген Клоп, или пак се мачи со повреди. Напаѓачот одигра само 14 мечеви за „црвените“ и се погласни се шпекулациите дека ќе го напушти „Енфилд роуд“ на крајот од оваа сезона. ПСЖ сака тоа да го искористи и да го доведе во Париз.

Тренерот Унаи Емери верува дека Стариџ одлично би се вклопил во неговиот состав и дека би бил идеален партнер на Единсон Кавани. ПСЖ е подготвен да плати 30 милиони фунти за него, колку што впрочем и одреди Ливерпул како отштета за продажба на својот напаѓач.

Во Англија, за Даниел Стариџ постои интерес од премиерлигашот Вест Хем, а не се исклучува можноста понуда за овој фудбалер да испрати и Арсенал.

Се вчитува...