ПСЖ ќе продава пет свои ѕвезди во јануари

Пари Сен Жермен реализираше два фантастични трансфери ова лето, ангажирајќи ги Нејмар и Килијан Мбапе. И тоа веднаш се почувствува во моќта на тимот, но за овие двајца фудбалери се потрошени околу 400 милиони евра. Тоа ја алармираше и централата на УЕФА која покрена истрага за да провери дали раководството на клубот го прекрши финансискиот фер-плеј.

Токму поради ова, ПСЖ ќе биде приморан да продава дел од ѕвездите во зимскиот преоден рок. На трансфер – листа, како што информираат француските медиуми, ќе бидат ставени Анхел Ди Марија, Џулијан Дракслер, голманот Кевин Трап, Лукаш Моура и Хавиер Пассторе. Најголем дел веќе и не се стандардни првотимци, освен Аргентинецот Ди Марија.

Продажбата со нетрпение ја исчекуваат Барселона, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Арсенал, Милан, Интер, кои би наддавале за дел од споменатите фудбалери.

Се вчитува...