ПСЖ, Монако, Лион, си редат победи

Пари Сен Жермен ја задржа предноста од девет бода во однос на Монако и на Лион на врвот на табелата во францускиот шампионат, откако славеше против Каен на домашен терен со 3-1. Кавани на спектакуларен начин го постигна првиот гол, Мбапе зголеми на 2-0, а Берчиче во финишот стрелаше и третпат во мрежата на гостите. Каен постигна почесен гол од пенал во судиското продолжение од мечот преку Сантини.

Монако го совлада Рен на домашен терен со 2-1. Фалкао го отвори резултатот, Рен израмни од пенал со голот на Казри, а Каита Балде постигна победнички погодок за „кнезовите“ во 81.минута од овој меч.

Лион победи на гости против Тулуз со 1-2. Фекир од пенал го доведе Лион во водство, а Рафаел во завршницата зголеми на 0-2. Пред самиот истек на мечот, Тулуз од пенал преку Градел го постави конечниот резултат.

Се вчитува...