ПСЖ му „фрли око“ и на Мемфис Депај

Францускиот првак Пари Сен Жермен има намера значително да се засили во овој зимски преоден рок, со оглед дека го очекува тешка битка за шампионската титула во домашниот шампионат, како и осминафинален дуел во Лигата на шампионите. По ангажманот на Џулијан Дракслер од Волфсбург, „светците“ сакаат да го засилат нападот, а во комбинација за ангажман сериозно влегува и крилниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Мемфис Депај.

Тој нема речиси воопшто минутажа кај менаџерот Жозе Мурињо оваа сезона и сака да го напушти „Олд трафорд“, а за него се интересира Евертон. Но, сега и ПСЖ влегува во трката за негов потпис, посебно што Холанѓанецот би можел да игра и во Лигата на шампионите.

Се вчитува...