ПСЖ на лето ќе го „лови“ Нголо Канте

ПСЖ го означи фудбалерот на Челси, Нголо Канте, како примарна цел за летниот преоден рок. Спортскиот директор на францускиот гигант, Антеро Енрике, е голем фан на Канте и сака да го види во дресот на ПСЖ како наследник на 35-годишниот Тијаго Мота.

Челси исплати 30 милиони фунти на Лестер летото 2016 година за услугите на 26-годишниот деструктивец во средниот ред, па доколку „светците“ навистина го посакуваат во своите редови, сега ќе мора да „искешираат“ многу повеќе, минимум 100 милиони фунти.

Францускиот репрезентативец стана еден од најдобрите играчи во светот на својата позиција, откако во две последователни сезони ја освои Премиер – лигата, со Лестер и со Челси, а носејќи го дресот на „сините“ беше прогласен за најдобар играч на првенството. Знаејќи колку е круцијален за составот на Конте, Челси ќе одбие секаква понуда за Канте, фудбалерот има договор со клубот до 2021 година, а може да си замине само доколку притиска за трансфер надвор од „Стемфорд бриџ“.

Се вчитува...