ПСЖ немаше милост за Нант

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја остварија 11.победа во францускиот шампионат, совладувајќи го Нант на домашен терен со 4-1. Тимот на Унаи Емери сега има 35 бода на врвот на табелата, шест повеќе од Монако.

Единсон Кавани го отвори резултатот во корист на „светците“, а Анхел Ди Марија зголеми на 2-0 пред крајот на првиот дел. Нант намали во второто полувреме преку Накулма, но Пасторе и повторно Кавани донесоа убедлив триумф за ПСЖ.

Се вчитува...