ПСЖ нуди 45 милиони евра за Матео Ковачиќ

Францускиот првак Пари Сен Жермен е заинтересиран за ангажман на фудбалерот на Реал Мадрид, Матео Ковачиќ. Тој не е стандарден првотимец во тимот на „кралевите“, но значајно напредуваше во својата игра под раководство на Зинедин Зидан, и со секој свој настап покажува дека може без проблем да игра во било кој друг европски клуб.

Тренерот на „светците“, Унаи Емери, верува дека Ковачиќ би бил одлично засилување за средниот ред на ПСЖ, и би можел долго време да игра во тандем со Адриен Рабио. ПСЖ ќе мора полека да ја реновира линијата за врска, со оглед дека Тијаго Мота на лето ќе наполни 35 години, а Блез Матуиди и Марко Верати имаат понуди за заминување од „Паркот на принцовите“.

Реал Мадрид го доведе Матео Ковачиќ од Интер за 30 милиони евра, па дури и значајно би заработил со негов евентуален трансфер во редовите на Пари Сен Жермен.

Се вчитува...