ПСЖ посилен за Нејмар и за Ди Марија против Баерн

Тренерот на ПСЖ, Унаи Емери, ќе ги има на располагање своите најдобри фудбалери за утрешниот дуел со Баерн Минхен откако Нејмар и Анхел ди Марија ги санираа своите повреди и во последните два дена тренираа со остатокот од тимот. Нејмар поради ситна повреда го пропушти дуелот со Монпелје на кој „светците“ одиграа разочарувачки 0-0, додека Ди Марија е во „аут“ од почетокот на септември, кога се повреди при настап за аргентинската репрезентација.Сепак, Емери обелодени дека двајцата фудбалери се „фит“ за настап и ќе се најдат на неговиот список на играчи за утрешната супер-пресметка во елитното европско натпреварување.„Ди Марија и Нејмар тренираа со нас и сигурно ќе бидат дел од тимот. Ќе бидеме речиси комплетни, ќе недостига само Пасторе, кој продолжува да работи со нашите доктори. Се надевам дека наскоро и тој ќе биде дел од тимот“ – истакна Емери.ПСЖ во стартниот дуел од ЛШ на гостински терен го декласираше Селтик со 0-5, додека Баерн пред своите гледачи го совлада Андерлехт со 3-0. 

Се вчитува...