ПСЖ стигна до трофејот во Купот на Франција

Фудбалерите на Пари Сен Жермен стигнаа до пехарот во Купот на Франција, откако во финалето го совладаа Анжер со 1-0. Долго време се мачеа избраниците на Унаи Емери да го пробијат ’бункерот’ на противникот, и на крајот Сисоко несреќно си постигна автогол во првата минута од судиското продолжение.

Анжер беше на прагот на продолженија, но по еден корнер од десната страна, Иса Сисоко сакајќи да ја расчисти опасноста си ја затресе сопствената мрежа. Претходно, убави можности за ПСЖ пропуштија Кавани и Ди Марија.

Issa Cissokho Own Goal HD – SCO Angers 0 – 1… by worldfoot

Се вчитува...