ПСЖ: Верати не е за продажба ниту за 100 милиони евра

Марко Верати ќе мора да продолжи да го носи дресот на ПСЖ и покрај неговото незадоволство од слабата сезона и желбата за заминување од „Паркот на принцовите“. Француските медиуми вчера објавија дека италијанскиот плејмејкер веќе им ја соопштил на челниците на клубот желбата да ги смени клупските бои, но ставот на ПСЖ по ова прашање е дециден – Верати има договор до 2020 година што мора да биде испочитуван.

Верати не може да си замине ниту за 80, дури ни за 100 милиони евра. Кратко и јасно – Марко Верати не е за продажба“ – истакна портпаролот на ПСЖ за шпанскиот весник „Марка“, по шпекулациите дека овој одличен фудбалер е близу до трансфер во Барселона.

За разлика од Верати, „светците“ се подготвени да го продадат Криховијак, кој би можел да замине на едногодишна позајмица во редовите на Милан.

Се вчитува...