Пжибецки: Штербик може да го запре секој тим во Европа

Шефот на стручниот штаб на Висла, Пјотр Пжибецки, со огромен респект гледа на Вардар во пресрет на премиерниот меч од новата сезона во Лигата на шампионите. Во таборот на полскиот вицепрвак се свесни дека фаворитската улога ќе им припадне на македонските „црвено-црни“, а според тренерот на Висла клучно ќе биде да се одигра добро во одбраната.

Искрено се надевам дека атмосферата во салата ќе зоврие и дека навивачите ќе ни дадат „допинг“ да стигнеме до посакуваниот резултат. Знаеме се за Вардар, нивниот голман Штербик може да го запре секој тим во Европа. Не треба да размислуваме за нив, туку за нас, како да ја искористиме предноста на домашниот терен. За мене клучно ќе биде да одиграме цврсто во одбраната, што никогаш не е лесно против ривал како Вардар. Можеби ќе го немаат Циндриќ, но Карачиќ игра одлично во последно време. Си замина Душебајев, но сега тука е Кристопанс. Имаат шутери кои стрелаат од десет метри, а одлични се и кружните напаѓачи излеземе поагресивно на бековите. Затоа велам дека клучно ќе биде да се одигра добро во одбраната и да им се помогне на голманите да влезат во посакуваниот ритам“ – изјави стратегот на Висла.

Дуелот меѓу Висла и Вардар од првото коло во Лигата на шампионите на програмата е в недела со почеток во 19 часот.

 

Се вчитува...