Рабио: Џабе осум гола со Дижон, ова со Реал е најважно

Адриен Рабио го постигна својот прв гол во ЛШ во вистински момент, носејќи го ПСЖ во водство на „Сантијаго Бернабеу“. Сепак, не само што францускиот гигант не ја задржа предноста, туку потоа прими два гола во последните десетина минути, па сега ќе брка голема негатива на реваншот на „Паркот на принцовите“.

Нормално дека сум разочаран. Почнавме онака како што требаше, а потоа застанавме. Фрустрирачки е… секогаш ги кажуваме истите работи, ги правиме истите работи, но секогаш на крајот сме приземјени на ист начин. Убаво е да му дадеш осум гола на Дижон, но се е џабе, ова се натпреварите што се најважни, а ние потфрлуваме“ – истакна Рабио.

Се вчитува...