Работнички без мака до бодови против Фени индустри

Работнички без посериозни проблеми ја забележа и својата втора победа во македонското првенство, славејќи на мечот со Фени индустри со убедливи 80-63. Овој меч се играше во празна сала поради казната што Работнички ја одлежува од ланската сезона, но тоа не им претставуваше преголем проблем на домашните играчи, кои знаеја како

Избраниците на Марин Докузовски доминираа од самиот почеток, рано поведоа со 16-8, но гостите од Кавадарци успеаја да се вратат и првата четвртина заврши без победник, 21-21. Отпорот на Фени беше скршен уште во првите пет минути од втората четвртина, кога Работнички дојде до двоцифрена предност (35-25), по што „црвено-белите“ го контролираа резултатот до самиот крај.

Чековски со 22 поени беше најефикасен кај Работнички, Американецот Гинјард постигна 19, додека новиот плејмејкер Робинсон за 15 минути постигна четири поени. Најдобри поединци кај Фени индустри при денешниот пораз беа Дејвис со 28 и Марковски со 14 поени.

Се вчитува...