Работнички добива модерна сала, „Градски парк“ заминува во историјата

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив, КК Работнички, ќе добие нов модерен дом на местото на досегашниот „храм“ на оваа екипа „Градски парк“. Ова денеска преку својот официјален фејсбук профил го најави Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, кој откри дека денешка ќе се распише конкурс за идејно решение за Повеќенаменска спортска сала во Градскиот парк во Скопје.

zernovski print

Ова значи дека „црвено-белите“ ќе треба да си најдат „привремен дом“ за следната сезона, по што потоа би добиле супермодерна арена каква што му доликува на трофејниот македонски кошаркарски колектив.

Zernovski objava

„Градски парк“ останува арена во која Работнички ги освои и ги славеше своите бројни трофеи, но оваа сала заминува во историјата и ќе биде заменета со нова мултифункционален објект со идеални услови за работа не само за првиот тим, туку и за младинските екипи на овој спортски гигант.

Се вчитува...