Работнички ги отвора вратите на „Борис Трајковски“ за реваншот со Парма Перм

Раководството на КК Работнички се одлучи да ги отвори вратите на ВИП арената „Борис Трајковски“ за сите љубители на кошарката за реванш дуелот против рускиот Парма Перм во рамките на ФИБА Еврокупот.

Од клубот, како што информираат, се одлучија на слободен влез за престојниот дуел…

„Во врска со возвратниот натпревар во рамките на Фиба Еврокупот кошаркарскиот клуб Работнички АД Скопје ве информира дека реванш дуелот со рускиот претставник Парма Перм ќе се одигра на 27.09.2017 (среда) со почеток во 19:30 часот во спортскиот центар ВИП Арена Борис Трајковски. За таа цел клубот реши влезот да биде слободен и ги отвара вратите на спортскиот центар ВИП Арена Борис Трајковски за претстојниот натпревар.  КК Работнички ги повикува сите искрени фанови и симпатизери на клубот да ги исполнат трибините на спортскиот центар и официјално да означиме почеток на новата натпреварувачка сезона 2017/2018 пред домашната публика“ – се вели во соопштението од КК Работнички.

Се вчитува...