Работнички и Шкупи го затвораат 29.коло: Чаирска ‘романтика’ во Ѓорче Петров

Работнички и Шкупи ќе ги одмерат силите денеска (16 часот) во рамките на последниот натпревар од 29.коло во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“ сакаат три бода по ремито што го одиграа против Македонија ЃП во минатото коло, а Шкупи е во борба за опстанок и секој бод им е значаен за остварување на целта.

Капитенот на Работнички, Душко Трајчевски, вели дека неговиот тим ќе се обиде да ги искористи слабите страни на Шкупи.

„Не очекува нов тежок натпревар. Првенството влегува во својата завршна фаза, ритамот е навистина силен и нема многу време за размислувања и анализи. Се фокусираме на тоа што ни претстои и сакаме да ги освоиме трите бода против Шкупи. Добро се познаваме, ги знаеме нивните слаби страни, но ќе треба да знаеме и да ги искористиме. Верувам дека ќе стигнеме до успех, иако овојпат ќе бидеме домаќини во Ѓорче Петров“, вели капитенот Душко Трајчевски.

Се вчитува...