Работнички и со „деца“ го растури Охрид, Кожув беше пресилен за Вардар

Работнички и Кожув ја оправдаа фаворитската улога бележејќи лесни победи во рамките од 12. коло од кошаркарскиот шампионат на Македонија. Работнички и без помошта на неколку стандардни првотимци лесно го совлада составот на Охрид со преубедливи. Дури и без помошта на Илиевски, Мираковски и Тасовски, составот на Марин Докузовски со бројни млади кошаркари во своите редови ги декласираше гостите, кои немаа одговор за полетниот тим од „Градски парк“.

Охриѓани по три минути игра имаа предност од 4-7, но следеше серија од 8-0 на Работнички по која домаќините целосно ја презедоа контролата над резултатот. Првата четвртина Работнички ја доби со 27-12, а домаќините потоа предноста ја зголемуваа како што изминуваше времето, за овој натпревар на крајот да заврши со убедливи 36 поени разлика.

Виктор Ефремовски одигра одличен натпревар постигнувајќи 24 поени, а во добро светло се покажа и Маслинко, реализирајќи 19 поени, 9 скока и три асистенции.

Кожув рутински ја одработе задачата на гостувањето против Вардар, па гостите од Гевгелија славеа во Скопје со убедливи 73-86. Целата „приказна“ беше завршена уште во првата четвртина што избраниците на Игор Михајловски ја добија со убедливи 9-26, по што во остатокот од средбата не му дозволија на младиот тим на Вардар да им ја загрози победата.

Хол со 21 и Мијовиќ со 18 поени беа најефикасни кај Кожув, додека најдобри стрелци на Вардар на вечерашниот натпревар беа Ибитајо со 26 и Робев со 17 поени.

Се вчитува...