Работнички не ја дава „Кота 3“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Работнички по првиот круг на натпреварувањето во Супер-лигата се наоѓа на третото место, пред се благодарение на сигурните игри на домашен терен. Во „Градски парк“ по Куманово и Кожув вечерва капитулираше и Фени индустри, и тоа многу полесно од очекувањата откако тимот на Марин Докузовски рано го скрши отпорот на кавадарчани, а потоа искусно ја одржуваше предноста до самиот крај.

Најтрофејниот клуб засега тера според планот, за реализација на зацртаната цел наречена полуфинале, но на Докузовски му е јасно дека најтешкото допрва претстои – во следните пет кола на ред се готсувања во Куманово, Гевгелија и Кавадарци, заедно со две тешки домашни дуели, против градските ривали Карпош соколи и МЗТ Скопје.

[new_royalslider id=”577″]

Се вчитува...