Работнички одигра „тесно“ со Куманово, ама стигна до триумф

Работнички ја оствари 12.победа во Првата лига и продолжува со максимален ефект, откако вечерва во салата „Градски парк“ го совлада тимот на Куманово со 81-77. Избраниците на Марин Докузовски го контролираа резултатот во најголем тек од натпреварот, имаа и двоцифрена предност, но кумановци сериозно се доближија пред самиот крај. На влезот од последната минута Работнички имаше само два поени предност (79-77), но искусниот Ѓорѓи Чековски реализираше поени и го реши мечот.

На полувремето домаќинот водеше со 43-37, а последниот период го стартуваше со предност од 12 поени. Куманово се обиде да се врати, но немаше сили да направи комплетно изненадување. На крајот, Работнички стигна до 12.триумф, со 81-77.

Маркус Гинјард со 19 поени и Ѓорѓи Чековски со 17 поени беа предводници во составот од Градски парк, додека најефикасен на мечот беше Марјан Јанески со 23 поени.

Охрид ја совлада Струмица со 103-61. Мартин Јунаковиќ со 18 поени беше најефикасен во победничкиот табор.

Се вчитува...