Работнички плаќа 500 евра за црните хеланки на Крстевски - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Коментари
11/12/2017 12:49
Ракомет
11/12/2017 11:00
Меѓ. Фудбал
10/12/2017 19:26
Кошарка
10/12/2017 19:35

Работнички плаќа 500 евра за црните хеланки на Крстевски

Работнички плаќа 500 евра за црните хеланки на Крстевски

Работнички имаше неуспешна европска авантура откако претрпе два убедливи порази од Парма во рамките од Еврокупот на ФИБА. Згора на тоа, во „Градски парк“ веќе пристигнала и фактура од ФИБА Европа за казните што најтрофејниот македонски клуб ќе треба да ги плати за непочитување на правилникот за натпреварување, за што Работнички ќе треба да плати 1.500 евра на сметката на европската куќа на кошарката.

Петсто евра изнесува казната поради нарушениот „дрес-код“ на екипата, поточно поради тоа што центарот Бојан Крстевски настапил со црни хеланки под црвената опрема. Правилата на оваа тема се ригорозни, па сега Работнички ќе треба да ја плати оваа казна, исто како и онаа од 1.000 евра поради некомплетно закачување на натпреварот на системот за статистика и видео-анализа, исто така правило на кое ФИБА-Европа инсистира и кое е обврска на домашните екипи на сите средби.

Паузата од над десет години од Европа оставила траг, но Работнички мора целосно да почне да ги следи правилата, особено доколку сака редовно да биде дел од овие натреварувања во иднина.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.