Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Претплата Шестмесечна 500 денари Годишна 1.000 денари Телефон: +389(0)2 60 91 798; +389(0)78 232-712
Дигитален магазин
  • СЕМЕЈСТВОТО БАБУНСКИ

    Македонија се крсти во Давид и во Доријан

  • ТЕМА НА МЕСЕЦОТ

    Во името на парите?

  • ЈОВАНКА РАДИЧЕВИЌ (ЖРК ВАРДАР)

    Сите се плашат од нас...

  • СПОРТ И БРАК

    Ања ги открива тајните на својот сопруг Павел

Ekipa
Ekipa

Работнички потпиша со репрезентативецот на БиХ, Горан Икониќ

Работнички потпиша со репрезентативецот на БиХ, Горан Икониќ

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина,  искусниот 33-годишен Горан Икониќ, кој извесно време беше на тест период, е првото официјално засилување за тимот од Градски Парк, информираa од Работнички.

“Ново е тоа што потпишавме договор со Горан Икониќ додека се уште трае потрагата по засилување на плејмејкерската и центарската позиција. Немања Јелесијевиќ и Александар Угриновски само тренираат со нас, ние како клуб им излеговме во пресрет бидејќи тие се без клупски ангажман. Дополнително од друга страна и тие ни помагаат при тренинзите бидејќи немамe доволен број играчи. Во недела заминуваме за Црна Гора, во Бар, каде што ќе настапиме на турнир кој е во организација на домашниот тим Морнар Бар” - изјави за ЕКИПА, тренерот на Работнички, Емил Рајковиќ.

Горан Икониќ е играч кој одлично се снаоѓа на бековските позиции, со своите 33 години и искуството како репрезентативец на БиХ треба да претставува сериозно засилување за Работнички. Во богатата кариера Икониќ има настапувано за Леотар, Босна (Босна и Херцеговина), Крка (Словенија), Доњецк, Политехник (Украина) и Пинар Каршијака (Турција).

 

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.