Работнички против „лавовите“ го отвора 28. коло од ПМФЛ

Работнички и Македонија ЃП на мегдан на „Телеком арената“ во Скопје денеска од 16 часот го отвораат 28. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Романтичарите“ безусловно посакуваат против последнопласираните „лавови“ да стигнат до нов триумф во шампионатот како дополнително би се зацврстиле на третата позиција на табелата која носи во квалификациите од Лигата на Европа.

„Ние сме фаворити во дуелот со Македонија ЃП, но знаеме дека тие нема така лесно да се предадат. Имаат млад и полетен тим, на една од минатите средби за малку ќе ни го загорчеа животот. Искуството е на наша страна, исто така и квалитетот, но мораме да наметнеме наша игра уште од самиот старт на натпреварот. Треба да покажеме максимална желба за освојување на трите бода, со трчање и со борбеност да ги надиграме „лавовите“. Верувам дека на таков начин бодовите ќе останат кај нас“, изјави младинскиот репрезентативец Елиф Елмас во пресрет на денешниот меч со Македонија ЃП.

Останатите четири натпревари од ова коло се играат утре од 16 часот.

ПМФЛ – ДВОЈКИ (28. КОЛО)

ДЕНЕСКА (16 ч.)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

УТРЕ (16 ч.)

Скопје: ШКУПИ – ВАРДАР

Кратово: СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА

Битола: ПЕЛИСТЕР – ПОБЕДА

Тетово: РЕНОВА – БРЕГАЛНИЦА

Се вчитува...