Работнички се засили и со Бразилецот Серџо Антонио

Бразилецот Серџо Антонио Да Луз Жуниор е најновото засилување на Работнички за новата сезона. „Романтичарите“ со 23-годишниот напаѓач кој доаѓа од редовите на албанскиот Скендербег потпишаа едногодишен договор, со можност за продолжување на истиот на уште една година.

„Среќен сум што доаѓам во клуб како Работнички за кого знам дека е еден од најдобрите во Македонија. Верувам дека ќе може да му помогнам на тимот оваа сезона да дојде до своите цели“ – рече Жуниор по промоцијата во новиот дрес.

Серџо Антонио потекнува од фудбалската школа на Бело Хоризонте, од каде потоа се сели на европскиот континент.

Се вчитува...