Работнички супериорен, Гостивар без сили за ново чудо

Работнички ја забележа и осумнаесеттата победа во низа во домашното првенство, повторно во голем стил откако избраниците на Марин Докузовски вечерва го декласираа Гостивар со убедливи 74-49. Гостиварци во минатото коло го зедоа скалпот на МЗТ Скопје и овојпат се надеваа на ново чудо, но веднаш им беше ставено до знаење дека „Градски парк“ ќе биде неосвоив за нив.

Почетокот на натпреварот мина во знакот на Гинјард, кој беше 100% фит по повредата и почна во голем стил, постигнувајќи ги првите шест поени за Работнички. Фаворитот со тројката на Костов во 6. минута за првпат стигна до двоцифрена предност (14-4), а гостите останаа на четири поени до 10. минута од првата четвртина (20-4). Овој дел од мечот заврши со 20-7, а Работнички продолжи да доминира и во вториот период, па на одмор се замина со двојно повеќе псотигнати поени на домаќините (38-19).

И доколку гостиварци приредија сензација во второто полувреме против МЗТ, тоа беше невозможно на дуелот со Работнички. „Црвено-белите“ рутински ја одржаа, па дури и уште повеќе ја зголемија предноста, вршејќи одлична работа во одбраната, задржувајќи го гостинот под 50 постигнати поени.

Чавдар Костов беше прв стрелец со 20 поени, Крстевски постигна 15, а Николовски 12 поени за Работнички, додека прв стрелец на гостиварци беше Тасовски со 17 поени.

Се вчитува...