Работно во Минхен: Коман ја продолжи соработката со Баерн, следни се Рибери и Робен

Младиот француски репрезентативец Кингсли Коман ја продолжи соработката со Баерн Минхен до 2023 година. Крилото на „баварците“ добива и покачување на годишната плата, сега ќе заработува 6.5 милиони евра по сезона.

Французинот заслужено добива нов договор откако се гледа голем напредок во неговата игра, особено откако на клупата на Баерн се врати Јуп Хејнкес. Во првиот дел од сезоната настапи на 24 средби во сите натпреварувања на кои постигна четири погоди, а при тоа асистираше на седум, а сега ќе има дополнителен мотив да игра на високо ниво по зимската пауза.

Во просториите на германскиот шампион денес е доста раздвижено. Клубот денес реализираше втора зделка, откако прво го официјализираа трансферот на Сандро Вагнер од Хофенхајм, a германскиот медиум „Билд“ најавува дека работат и на продолжување на договорите на Арјен Робен и Френк Рибери.

Се вчитува...