Радичевиќ објаснува: Сама одлучив да не играм за репрезентацијата - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
11/12/2017 11:00
Меѓ. Фудбал
10/12/2017 19:26
Кошарка
10/12/2017 19:35
Кошарка
10/12/2017 18:43

Радичевиќ објаснува: Сама одлучив да не играм за репрезентацијата

Радичевиќ објаснува: Сама одлучив да не играм за репрезентацијата

Селекторот на црногорската ракометна репрезентација Драган Аџиќ по неуспехот на Олимписките игри во Рио де Жанеиро поднесе оставка, но потоа одново се врати на оваа функција. На изминатите неколку натпревари, меѓу кои и пријателскиот против репрезентацијата на Македонија, десното крило на македонскиот шампион Вардар, Јованка Радичевиќ не се најде на списокот на селекторот. Причината, Радичевиќ ја објасни притоа потенцирајќи дека одлуката била целосно нејзина.

„Бидејќи овие денови многу се шпекулира за подмладување на репрезентацијата чувствувам потреба на јавноста да и кажам дека не сум стара ниту подготвена за пензија. Се чувствувам одлично и како што може да се забележи одлично играм во Вардар. Никој не ме пензионира туку јас сама донесов одлука да не играм за репрезентацијата поради непочитување од страна на селекторот. Отсекогаш сум играла со љубов за својата земја и давав сè од себе на секој тренинг, секој натпревар и на секое првенство. Не играв од никаква корист, за никакви пари, не добив никакви станови или што било друго, но некои работи мораат многу повеќе да се почитуваат. Мојот однос кон националниот состав отсекогаш бил максимален и најдобро знам колку несебично давав сè од себе за својата земја и својот тим. И навистина не сакам повеќе да зборувам на таа тема“ – вели ракометарката на македонскиот шампион ЖРК Вардар која за репрезентацијата настапи на 140 натпревари постигнувајќи 700 голови.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.