Радоњиќ: Повеќе не сум тренер на Црвена звeзда - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
22/08/2017 15:25
Меѓ. Фудбал
22/08/2017 13:31
Коментари
21/08/2017 19:51
Фудбал
21/08/2017 18:52

Радоњиќ: Повеќе не сум тренер на Црвена звeзда

Радоњиќ: Повеќе не сум тренер на Црвена звeзда

Црвена звезда освои нова титула во српското првенство совладувајќи го тимот на ФМП со 87-57. „Црвено-белите“ имаа причина за славје по новата успешна сезона, но тренерот Радоњиќ ја расипа забавата откако соопшти дека најверојатно во следната сезона нема да седи на клупата на „црвено-белите“.

Ми истекува договорот и правно гледано повеќе не сум тренер на Црвена звезда. Зборувавме со Небојша Човиќ на оваа тема, но разговорите не се реалне. Многу работи треба да се направат за Црвена звезда да чекори напред, многу работи изградивме и се надевам дека ќе се продолжи во ист правец. Желбата не е спорна, но во овие околности не е реално да останам во клубот“ – изјави Радоњиќ.

Само за потсетување, Црвена звезда повторно ја освои титулата во АБА-лигата, доминираше и на српската кошаркарска сцена, додека во Евролигата во последното коло со поразот од Дарушака не успеа да се пласира во Топ 8 фазата.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.