Раиконен направи хаос во Сингапур и го уништи шампионскиот сон на Фетел (видео)

Кими Раиконен предизвика хаос на самиот старт од трката за ГН на Сингапур, уништувајќи ги шансите за титулата на својот тимски колега Себастијан Фетел. Финецот се обиде од надворешната страна да го мине Ферстапен, но токму во тие моменти се допре со гумата до болидот на противникот.

Веднаш потоа следеше судир со Фетел, кој стартуваше од пол-позицијата, по што и двата болиди на Ферари веќе во првиот круг ја завршија трката.

Од целата ситуација најмногу профитираше Хамилтон, кој од петтата експресно се искачи на првата позиција, по што на патеката се појави безбедносно возило. Нема сомнеж дека Британецот ќе го искористи овој подарок за уште повеќе да си ја зголеми предноста во однос на Фетел и да направи уште еден голем чекор напред кон титулата.

Се вчитува...