Раиконен со пол – позиција во Монако, Хамилтон стартува дури 14-ти

Финскиот возач Кими Раиконен ја освои пол – позицијата во квалификациите за утрешната Ф1 трка во Монако и ќе стартува од најповолното место. На Раиконен ова повторно му успеа по цели девет години, повторно да стартува прв во Монако.

kvalifikacii monako

Финецот имаше најбрзо време во квалификациите, за 0.043 секунди подобро од тимскиот колега Себастијан Фетел, кој ќе биде веднаш до него во првиот ред. Зад нив ќе биде Валтери Ботас. Огромни проблеми на овие квалификации имаше Британецот Луис Хамилтон, кој трката за Гранпри на Монако ќе ја започне дури од 14.позиција.

Се вчитува...