Раиола дециден: Ибрахимовиќ во Наполи, тоа не е возможно... - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
26/05/2017 16:51
Ракомет
25/05/2017 21:10
Коментари
25/05/2017 18:53
Фудбал
25/05/2017 14:47

Раиола дециден: Ибрахимовиќ во Наполи, тоа не е возможно…

Раиола дециден: Ибрахимовиќ во Наполи, тоа не е возможно…

Последните изјави на Златан Ибрахимовиќ дека не исклучува камбек во Италија го кренаа оптимизмот кај навивачите на Наполи дека токму овој клуб би можел да биде следна дестинација на врвниот голгетер. Швеѓанецот отсекогаш ја истакнувал почитта за „наполитанците“ и атмосферата што се создава на домашните натпревари на стадионот во Неапол, но неговиот агент Мино Раиола експресно ги „олади“ шпекулациите дека Ибракадабра следното лето би можел да го облече сино-белиот дрес.

Прочитав за шпекулациите по весниците, но за жал ќе морам да ги разочарам „наполитанците“. Овој клуб не е дел од нашите планови. Работите во животот со менуваат, но во овој случај тоа е речиси невозможно. Знам дека Де Лаурентис има високо мислење за Ибра, но ние никогаш не сме разговарале на оваа тема“ – изјави Раиола.

Агентот на Ибрахимовиќ е свесен дека „наполитанците“ немаат финансиска моќ за да ги понудат истите услови како Манчестер јунајтед, или ЛА галакси, чии челници се подготвени да понудат сума од околу еден милион долари месечно за шведскиот фудбалски волшебник.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.