Рајхман: Со Македонија ќе ни биде потешко отколку со Словенија

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Македонија влегува како првопласирана во денешниот дуел со селекцијата на Германија (18.15 часот), доволна причина за актуелните европски прваци со голем респект да гледаат на нашиот национален тим. Германците едвај стигнаа до бод против Словенија со пеналот во последната секунда на Тобијас Рајхман, а токму крилото на Мелсунген очекува уште поголем предизвик на денешниот дуел со Македонија.

„Секогаш сме имале по некој лош натпревар на првенствата, како оној против Словенија. Свесни сме дека повеќе немаме право на грешка, исто како што знаеме дека против Македонија ќе ни биде уште потешко отколку против Словенија. Тие играат уште поцврсто отколку Словенците, а на трибините ги имаат и фантастичните навивачи, кои ја прават оваа репрезентација уште посилна. Не смееме да дозовлиме тоа да ни ги наруши сметките, ова е првото од низата финалиња за нас, мораме да победиме“ – истакна Рајхман.

 

Се вчитува...