Рајковиќ прави дар-мар во Полска: Не сакам да се навраќам на МЗТ Скопје... - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
19/08/2017 10:30
Фудбал
18/08/2017 19:45
Фудбал
18/08/2017 11:31
Фудбал
18/08/2017 9:19

Рајковиќ прави дар-мар во Полска: Не сакам да се навраќам на МЗТ Скопје…

Рајковиќ прави дар-мар во Полска: Не сакам да се навраќам на МЗТ Скопје…

Емил Рајковиќ е вистински хит во кошаркарска Полска, откако македонскиот стратег за неполни два месеци оствари фантастични резултати со тимот на Остров Вјелкополски, успевајќи да го крене од дното на табелата, па оваа екипа моментно се наоѓа на петтата позиција на табелата. Синоќешната победа над Енерга Чарни беше петта во низа за македонскиот стратег, кој во последните седум кола претрпе само еден единствен пораз, и тоа по продолжение на гостувањето против Кросно.

Презадоволен сум бидејќи играме добра кошарка, се создаде своевидна еуфорија бидејќи играме квалитетно и редиме победи. При доаѓањето увидов дека физичката подготвеност не е на посакуваното ниво, тој проблем успеавме да го средиме и резултатите не изостанаа. Сменив двајца странски кошаркари и ги доведов Американците Кинг и Картер, кои се покажаа во одлично светло, како и домашниот играч Томашев, со кого претходно имав одлична соработка во Сласк. Сето ова придонесе да се создаде една беспрекорна атмосфера во која се игра колективно и се редат победи. Еуфоријата е евидентна меѓу навивачите и управата, новинарите во Полска се изненадени од победничкиот ритам на Остров, а јас навистина сум горд на начинот на кој играме“ – истакнува Рајковиќ.

Трофејниот македонски тренер се пресели во Полска само неколку седмици откако ја прекина соработката со МЗТ Скопје и уште еднаш ги потврди своите тренерски квалитети.

Ми беше потребно вакво нешто после МЗТ Скопје, каде се обидов да направам нешто сериозно, но не добив доволно време и поддршка за реализација на проектот. Сепак, не сакам повеќе да се навраќам на таа епизода, максимално сум насочен на иднината и на работата со Остров и очекувам да продолжиме во ист стил и во следниот период“ – вели Емил Рајковиќ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.