Рајн-Некар Левен потпиша пивот од ПСЖ

Раководството на Рајн-Некар Левен денеска го обелодени најновото засилување на германскиот првак, шведскиот интернационалец Јеспер Нилсен. Станува збор за 28-годишен ракометар кој доаѓа од редовите на ПСЖ и потпиша договор со „лавовите“ до 2021 година.

За нас беше важно да доведеме играч што е квалитетен, но кој исто така има искуство во Бундес-лигата. Убедени сме дека го направивме вистинскиот избор со ангажманот на Нилсен“ – изјави спортскиот директор Оливер Рогиш.

Нилсен во периодот од 2013 до 206 година настапуваше за Фуксе Берлин, за по две години во дресот на ПСЖ повторно да се врати во германскиот шампионат. Тој ќе го заземе местото на Шпанецот Рафаел Баена, кому нема да му биде понуден нов договор. Шведскиот интернационалец е третото засилување на Рајн-Некар Левен за наредната сезона, откако претходно беа потпишани договори со Штефан Фет и Јаник Колбахер.

Се вчитува...