Раким Сандерс нов член на Барселона Ласа

Кошаркарскиот клуб Барселона го официјализираше ангажманот на Раким Сандерс. Американецот пристигнува како слободен агент, а стави потпис на едногодишен договор, со опција за продолжување во зависност од неговиот учинок.

28-годишниот кошаркар игра на позицијата крило, но еднакво добро може да ја покрие и позицијата крилен центар, благодарение на неговите физички предиспозиции. Минатата сезона во дресот на Олимпија Милано имаше учинок од 12.5 поени и 3.5 скока по натпревар во Евролигата.

Во Барселона пристигнува како двократен шампион на Италија. Сандерс во двете сезони во дресот на Милано беше одбран за најкорисен играч на првенството, а со освојувањето на италијанскиот куп сезонава, се закити и со пехарот за најкорисен играч во купот.

Во својата кариера, Сандерс освен за Милано ги носел дресовите на Динамо Сасари, Бросе баскет и Макаби Тел Авив.

Се вчитува...