Ракитиќ: Азар е играч од светска класа, ќе ни биде тешко да го чуваме

Играчот за врска на Барселона, Иван Ракитиќ во пресрет на утрешниот дуел со Челси во Лигата на шампиони, ја потенцираше ѕвездата на „сините“, Еден Азар како најголема закана. Хрватскиот репрезентативец истакна дека Азар е играч од светска класа и дека одбраната на Барса ќе мора да биде максимално сконцентрирана со цел да изнудат позитивен исход од гостувањето во Лондон.

„Азар е играч од светска класа, тоа е несомнено. Тој е најдобар играч на Челси и јасно е дека ќе ни биде тешко да го чуваме. Мора да бидеме максимално сконцентрирани во одбрана, но не само на него, Челси знае да се закани на повеќе начини. Ако сакаме позитивен исход од овој меч со цел да си ја олесниме работата во реваншот на „Камп ноу“, ќе мора да одиграме на највисоко ниво“, вели Ракитиќ.

Се вчитува...