Ракитиќ: Барселона прескапо го плати Кутињо!

Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ смета дека 160 милиони евра е преголем износ кој Барселона го плати за услугите на Фелипе Кутињо, но пазарот ја одредува цената.

„Не е важно моето мислење за цената, но може да кажам дека е превисока. Сепак, пазарот е тој го одредува какви потези да се повлечат. Во секој случај Барселона е најголемиот клуб во светот и може да си дозволи такви потези“ – вели Ракитиќ и дополнува:

„Секој добар фудбалер е добредојден. Му честитам на претседателот кој овозможи Кутињо да дојде меѓу нас. Сигурен сум дека одлично ќе биде прифатен. Најважно е секое доаѓање на добар фудбалер да биде поздравено, и сите заедно да се бориме за интересите на Барселона“.

Се вчитува...