Ракитиќ: Јас би го вратил Нејмар во Барселона

Огромно внимание во Шпанија предизвика информацијата дека Бразилецот Нејмар сака да се врати во редовите на Барселона. Тој минатото лето за 222 милиони евра од „Камп Ноу“ замина во Пари Сен Жермен, но очигледно дека таму не е како што тој замислуваше. Напаѓачот се повреди, нема да игра до крајот на сезоната, а неговиот тим е елиминиран од Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Иако навивачите на Барселона не сакаат ниту да слушнат за евентуално враќање на Нејмар, сепак, Иван Ракитиќ веднаш би му ја отворил вратата за да се врати во клубот.

„Нејмар? јас веднаш би му отворил врата за да се врати. Во мојот тим на Барселона, тој секогаш би имал место меѓу првите 11. Но, клубот го водат други луѓе“, изјави Ракитиќ по триумфот на Барселона над Малага.

Се вчитува...