Ракитиќ: Оваа победа носи огромна самодоверба

Барселона ја продолжи серијата победи од стартот на оваа сезона, откако каталонскиот гигант го совлада Јувентус на отворањето од ЛШ со убедливи 3-0. Покрај двата гола на Меси, еднаш меѓу стрелците се запиша и Иван Ракитиќ, кој се наметнува како еден од главните играчи на средината од теренот кај тренерот Ернесто Валверде.

Секогаш е важно да се победува од самиот старт, но не е лесно бидејќи имаме нов тренер со нови тактички замисли. Како и да е, задоволни сме како се одвиваат работите, а победата над Јувентус ни дава уште поголема самодоверба. Го заслуживме овој триумф, доминиравме, а клучен момент сигурно беше првиот гол, постигнат пред самиот крај на полувремето со кој го исфрливме противникот од ритам“ – истакна Ракитиќ.

Се вчитува...