Ракитиќ се сели во Манчестер сити?!

Хрватскиот фудбалер од редовите на Барселона, Иван Ракитиќ, е на добар пат да го облече дресот на премиерлигашот Манчестер сити, тврдат медиумите на Островот. Тој беше изоставен од тимот на вчерашното гостување на Барселона против Вилјареал, што јасно става до знаење дека не е во најдобри односи со тренерот Луис Енрике.

Се чини дека неговите денови на „Камп ноу“ се одброени, а негова следна дестинација се наведува „Етихад“. Од друга страна, тимот од Манчестер е во потрага по засилувања во средниот ред, а поранешниот стратег на Барселона, Пеп Гвардиола, би сакал да го види Ракитиќ во друштво со Давид Силва и со Фернандињо.

Неговата цена на трансфер-пазарот е 50 милиони евра, но сигурно е дека „граѓаните“ можат да ги задоволат барањата на Барселона со цел да го доведат Ракитиќ во своите редови.

Се вчитува...