Ракитиќ за тактиката на Челси: Мислев дека играме ракомет – зона 10-0!

Само Јувентус и ЦСКА досега успеале да ја елиинираат Барселона по 1-1 по првиот натпревар во Лигата на шампионите. Русите во 1993 година ги шокираа Каталонците на „Кампо Ноу“ со 2-3, а на истото место десет години подоцна Јувентус славеше со 1-2 по 1-1 на првиот меч во Торино.

Сега Барселона има 1-1 од дуелот со Челси на „Стемфорд бриџ“, очекувајќи пласман во следната рунда од Лигата на шампионите.

„Доминиравме во текот на целиот меч. Бевме подобри а тие направија многу од само неколку шанси кои ги создадоа. Трипати шутираа на гол, двапати го погодија дирекот, а ете успеаја и да погодат од само вкупно три шута“ – вели хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ, кој смета дека тактиката која ја применувал Челси е крајно деструктивна за фудбалот.

„Тие само стоеја и не чекаа. Моравме жестоко да работиме за да дојдеме до шанса. Ми изгледаше како да играме ракомет, сите беа во некоја зона пред својот гол и чекаа да погрешиме. Верувам дека на вториот меч нема да биде исто затоа што сега тие ќе мора да не нападнат“ – дополнува Хрватот.

Се вчитува...