Ракитиќ „заглави“ на допинг тестови

Рерпезентативецот на Хрватска, Иван Ракитиќ по победата над Грција од 4-1, мораше да остане до доцните часови во просториите на „Максимир“ стадионот за да ги изврши допинг тестовите, за кои беше одбран по случаен избор (стандардна процедура).

Фудбалерот на Барселона имал потешкотии со мокрењето, па му биле потребни неколку часа и четири литри вода за да може да даде примерок за анализите. Ракитиќ извесно време го задржа автобусот на репрезентацијата, соиграчите го чекаа до полноќ, но потоа заминале, а тој се задржал дури до два часот полноќ.

„Комична ситуација, морав да се напијам три-четири литри вода за да можам оставам примерок. Морам да признаам дека воопшто не е едноставно, но процедура е таква и мора да се почитува“, накратко објасни Ракитиќ.

Се вчитува...