Ракометарите пристигнаа во Мец (ФОТО)

Македонските ракометари попладнево пристигнаа во Мец, градот каде што во следните десет дена ќе ги играат натпреварите од групата Б на Светското Првенство во Франција.

„Црвено-жолтите“ патуваа од Софија до Луксембург со авион, по што со автобус пристигнаа во Мец, каде вечерва ќе го одржат и првиот тренинг. Избраниците на Червар утре уште еднаш ќе тренираат, како генерална проба пред премиерниот дуел со Тунис што е на програмата в среда, со почеток во 17.45 часот.

rakometari vo mec rakometari vo mec2

Се вчитува...